Microsoft-Logo
Microsoft преку нивниот TechNet Blog оваа недела информираа дека имаат спроведено поголема акција за спречување на ширењето на малициозен софтвер. Поточно се работи за Bladabindi (NJrat) and Jenxcus (NJw0rm) типовите на малициозен софтвер кој што според компанијата ги имаат детектирано повеќе од 7,4 милиони пати како активно инфицираат компјутерски системи во последните 12 месеци, бројка во која што не се вклучени статистиките од компаниите кои што развиваат сигурносен софтвер.

Еден начин како малициозниот софтвер успешно се пренесува преку интернетот е користењето на DDNS или Dynamic Domain Name Service сервери, што овозможува развивачите на ваквиот софтвер да не може лесно да бидат откриени поради редовното менување на нивната IP адреса. DDNS серверите овозможуваат користење динамични IP адреси, односно адреси кои што се менуваат, како адреси за серверот на кој што е хостиран сервисот поврзан со одреден домен, односно интернет адреса.

Меѓутоа иако Microsoft со нивната акција успеваат да ја постигнат својата цел, сепак се јавува и одреден проблем за кој што овие денови се масовно критикувани од интернет заедниците. Од компанијата, акцијата што ја спроведуваат вклучува добивање на судски налог за присвојување на 22 домени од компанијата No-IP која што овозможува DDNS сервери. Според Microsoft нивните домени во главно се користени од страна на развивачите на малициозен софтвер, а од компанијата веќе подолго време немаат ништо преземено околу тоа.

Од друга страна оваа акција предизвикува исклучување на огромен број на легитимни интернет страни и сервиси на обични корисници кои што немаат врска со малициозниот софтвер. Од No-IP обвинуваат дека акцијата била преземена без претходно известување и дека од Microsoft никогаш не стапиле во контакт со нив пред да почнат со исклучување на одредени домени.

Моментално нема повеќе информации од кои што може да се дојде до вистинската причина за случувањата, односно не се знае дали нешто дополнително стои зад мотивацијата на Microsoft да ја преземе оваа акција.

Како и да е, веќе денес голем дел од домените се вратени од страна на Microsoft, па дел од сервисите кои што работат преку No-IP се враќаат во функција. Од компанијата известуваат дека се во контакт со Microsoft, вклучувајќи ги и правните тимови за разрешување на проблемот. Во деновите што следат се надеваме дека ќе бидат достапни повеќе информации околу овие случувања.

Извор: Winbeta, Forbes, Ars Technica

Претходна статијаMicrosoft продолжува со развојот на Office за другите платформи
Следна статијаSamsung ќе го прекине производството на Plasma TV до крајот на годината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.