Фото: Shutterstock.com

По официјалното купување на Twitter и назначување како главен директор, моментално и единствен во компанијата, Елон Маск ги започна и првите промени на оваа мрежа.

По најави дека претплатата за Twitter Blue сака да ја зголеми од 5 на 20 долари, тој по краток разговор со авторот Стивен Кинг, кој ја критикуваше оваа одлука, истакна дека тие мора некако да ги плаќаат сметките и да не зависат само од реклами, по што праша дали 8 долари е во ред.

Оваа цена стана и официјална, па Twitter Blue ќе се наплаќа 8 долари месечно во САД, додека цената ќе биде прилагодена за различната куповна моќ во земјите, што значи дека кај може да се очекува и нешто пониска.

Покрај покачувањето на цената, Twitter Blue ќе добие нови функции, меѓу кои и верификување на профилот со добивање на сината „чек“ ознака до името. Маск дури имаше посебна објава за оваа можност и ја најави како крај на моменталниот „господари и селани“ систем на одлука кој може, а кој не да добие сина ознака на профилот.

Покрај ова, Twitter Blue корисниците ќе добијат и функции како приоритет при одговорите, спомнувањата и пребарувањето на објавите, а ова Маск го истакнува како доста важна работа во борбата со ботовите.

Корисниците исто така ќе имаат можност да објавуваат долги видео и аудио објави, а ќе им бидат прикажувани и дупло помалку реклами.

За во иднина Маск најавува и можност за читање на платените делови од веб страните со медиумите кои би сакале да имаат ваква соработка.