onedrive-wp-screens-1

OneDrive апликацијата за корисниците на Windows Phone е надградена на нова верзија која што меѓу другото вклучува е променет дизајн. Новиот дизајн слободно може да се каже дека многу повеќе наликува на верзиите од апликацијата на другите платформи. Дизајнот до некаде излегува од досега користениот Windows Phone стил, но сепак го задржува рамниот дизајн стил, а според нас апликациите вака и подобро изгледаат.

Наместо само можноста за менување на содржината со повлекување лево и десно, апликацијата сега вклучува мени кое што се појавува од левата страна со притискање на новото копче во горниот агол. Исто така, горната страна сега вклучува сина лента која што и дава на апликацијата конзистентен изглед со другите платформи.

Покрај промената на дизајнот, апликацијата вклучува подобрување на перформансите, како повеќе додатоци за корисниците на бизнис сметки. Па така, OneDrive за Windows Phone сега вклучува:

  • Поддршка за OneDrive for Business
  • Најавување заедно со личната и бизнис сметка
  • Организирање и отворање на фајловите од бизнис сметката
  • Зачувување на фајлови во бизнис сметката
  • Лесно испраќање на фајлови од бизнис сметката

Апликацијата е достапна за сите корисниците на Windows Phone 7.5, 8 и 8.1 и може да се надгради преку продавницата за апликации, доколку веќе не е автоматски надградена.

Извор: WPCentral

Претходна статијаNextbit Baton: Нов систем за синхронизација на апликациите и податоците на Android
Следна статијаСтудија: Генетска терапија овозможува голема ефикасност на лечење леукемија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.