skypechat

При крајот на минатиот месец Microsoft најави дека ќе воведе можност за разговарање со корисниците кои што работат на истиот документ преку Office Online, поточно Word Online и PowerPoint Online. Ова е нешто што недостасуваше на онлајн апликациите кои што нудат можност за колаборација, односно работа на ист документ од страна на повеќе корисници.

Кога неколку корисници работат на истиот документ, скоро е невозможно да нема потреба од нешто да се договори, па тоа обично доколку ги користевте апликациите од Microsoft, ќе моравте да го направите преку email или друг вид на комуникација.

Сега на десната страна од екранот е поставен модулот за разговори, па корисниците можат во вистинско време да комуницираат. Ова се разбира не е ништо ново, односно е достапно на пример на Google Docs, па добро е да се види и во Office апликациите.

За да можат корисниците да разговараат, тие ќе мора да се најават со нивната Microsoft сметка, односно таа ќе треба да биде поврзана со нивната Skype сметка.

Извор: Microsoft

Претходна статијаCOBI: Одличен паметен систем за поврзан велосипед
Следна статијаSprayLD – фотоволтаици кои можат да се испрскаат со спреј
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.