Новата апликација од Meta, која „паметно“ е пуштена преку брендот на Instagram, според информациите веќе ја има надминато бројката од 100 милиони корисници. Threads засега покажува голем потенцијал да земе дел од вниманието и корисниците од главниот конкурент Twitter.

Иако бројките не може да се сметаат како целосно точни, тие покажуваат дека корисниците досега објавиле 95 милиони објави, а тие биле „лајкнати“ 190 милиони пати.

Треба сепак да се земе во предвид дека поврзаноста на Threads со Instagram прави голема разлика за бројот на корисници. Наместо потреба од креирање на целосно нова сметка, корисниците се што треба е да ја инсталираат Threads и да се најават со нивната Instagram сметка, нешто што автоматски се прикажува доколку веќе е инсталирана Instagram апликацијата.

Како конкурент на Twitter, Threads се промовира како позитивна мрежа каде корисниците ќе можат да ги следат своите интереси и креатори, како и да разговараат на различни теми.

Тоа што нас не интересира е начинот на модерирање на содржината, односно уште сега се гледа дека целта да се има „позитивна“ мрежа ќе направи да на истата немаат место тие кои сакаат да го кажат својот став на одредена тема, како што беше случајот со корона кризата.

Како и да е, засега Threads привлекува големо внимание, а апликацијата треба да добие уште доста нови функции кои сега недостасуваат, како што се можноста за означување на корисници, најава со повеќе од една сметка и слични.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНаредниот iMac треба да дојде со 32 инчен екран и веќе е во развој
Следна статијаСеријата Samsung Galaxy Z се враќа и нема бегање од неа: „Стани дел од екипата на Flip“ сезона 2
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.