Twitter го ограничува бројот на објави кои корисниците ќе можат да ги прочитаат во текот на еден ден, а тој ќе се разликува зависно од видот на корисник. Стандардните корисниците ќе можат да прочитаат до 600 објави во текот на денот, додека ова ограничување ќе биде до 6000 за Twitter Blue корисниците.
Маск најави дека овие ограничувања наскоро ќе бидат зголемени на 800, односно 8000 објави во текот на денот.
Посебно ограничување има и за ново отворените сметки кои не се верификувани, а овие корисници ќе можат да гледаат до 300 објави дневно, односно наскоро до 400 објави дневно.
Причината за оваа чудна, иако привремена одлука, е огромните нивоа на собирање на податоци од мрежата, како што истакнува Маск во неговата објава. Тој додава дека постои и манипулација со системите, а во главно ги истакнува големиот број на компании кои ја користат мрежата за тренирање на нивните модели со вештачка интелигенција.
Не е познато до кога ќе функционира оваа привремена мерка, а и како планираат од мрежата подолгорочно да го решат проблемот кој го истакнаа како причина за мерката.
После оваа најава, повторно можеше да се прочита за зголемување на бројот кај алтернативните друштвени мрежи на Twitter, а и не престанува кампањата од одредени групи против оваа мрежа по нејзиното купување од страна на Елон Маск.