Иако се` повеќе млади луѓе се префрлаат на гледање видео содржина на YouTube, Vimeo и слични сервиси сепак гледањето телевизија останува да зема голем дел од слободното време на сите луѓе. Некогаш едноставно е полесно друг да одбира што да гледате место вие да барате по Јутјуб за совршеното видео, притоа губејќи минути и саати непотребно. Но телевизиските станици кои постојат кај нас обично нудат фиксна или не многу прилагодлива понуда, имајќи ги истите канали без можност да се одбере нешто друго. На помош доаѓа UnoTelly.
UnoTelly е дигитален сервис кој овозможува за одредена ниска месечна парична надокнада да имате пристап до стотици светски канали како HBO, Disney, National Geographic, Cartoon Network, но и сервиси како Netflix и други. Воедно, тој е компатибилен со повеќето модерни преносни платформи и постојат апликации за Android, iOS, Xbox, PlayStation и останати што овозможува истите канали да можете да ги следите од повеќето уреди кои ги имате во домот без да бидете ограничени каде и кога ќе следите некое конкретно емитување.
UnoTelly ова го постигнува преку нивните DNS и VPN сервиси кои што овозможуваат надминување на регионалните ограничувања за одредена содржина. Па така, Netflix сервисот кој што е достапен во многу мал број на земји, преку UnoTelly ќе можете да го користите како да сте во САД, на пример.
Другата интересна работа е што UnoTelly овозможува да се следат до три телевизиски региони во паралела – што значи дека, на пример, ќе можете да следите телевизии (па и истиот канал) наменети за европскиот, американскиот и канадскиот регион без проблеми. Инаку, за тие што не знаат, дигиталните преносувачки (streaming) сервиси обично се заглавени за различни региони и не е можно во нормалната процедура на гледање да се префрлате на гледање програми за друг регион бидејќи ви ја следат IP адресата. Со помош на овој сервис се овозможува прескокнување на истото.
https://www.youtube.com/watch?v=YYooVE-ihsM
Сервисот не става ограничување на сообраќајот кој го повлекувате преку различните уреди, па така нема ни ограничување за тоа со колку уреди можете паралелно да ги гледате програмите, што ќе биде особено интересно за семејствата чии членови можат да си гледаат посебни канали без да се расправаат кој да го има далечинскиот управувач.
Што е најинтересното од се`, цената на оваа услуга изнесува само околу 5 долари месечно (сега околу 250 денари) за стандардната верзија и 8 долари месечно за премиум верзијата, што верувам дека е сосема прифатливо дури и за просечната куповна моќ во Македонија. Сервисот може да се проба бесплатно, а можете и да ги симнете бесплатна апликација од соодветниот апликационен пазар.
Сервисите како што се Netflix, не спаѓаат во претплатата, односно потребно е да се претплатите посебно. UnoTelly е сервис кој што во основа ви овозможува да ги надминете регионалните ограничувања преку DNS и VPN сервиси.
Извор: UnoTelly