Минатата недела излегоа информации дека Lenovo во некои од своите модели вклучува софтвер кој што претставува класичен adware. Тоа значи дека софтверот е наменет за прикажување на реклами на веб страните на кои што корисникот сурфа.
Она што сепак привлече повеќе внимание беше откритието дека овој софтвер, наречен Superfish, креира сопствени SSL сертификати за одредени заштитени веб страни, со што се здобива со можноста да ги следи и овој вид на комуникации. Со други зборови, сертификатот кој што корисникот го има за отворање на својата банкарска сметка преку веб, на пример, овој софтвер си овозможува следење на комуникацијата со таквата веб страна.
Корисниците кои што го имаат овој софтвер на нивните компјутери во главно им беше препорачано да го реинсталираат својот оперативен систем доколку тоа можат да го направат од медиум кој што не доаѓа од Lenovo. Препораката беше таква поради фактот што не е сигурно дали едноставното бришење на софтверот ги брише сите негови остатоци од компјутерот.
Од Lenovo истакнаа дека тие го имаат вклучувано овој софтвер само одреден период и дека корисниците ја имаат можноста истиот да не го вклучуваат.
Минатата недела, еден ден по откривањето на информациите, Microsoft им овозможи на своите корисници да го избришат Superfish софтверот користејќи го нивниот Windows Defender. За тоа е потребно инсталирање на најновата верзија од софтверот, преку проверка во самата програма.
Покрај бришење на софтверот и сите поврзани со него фајлови, Windows Defender ќе направи и ресетирање на сите SSL сертификати кои што се користат и ќе ги врати во нивната оригинална состојба.
Проверка за достапноста на софтверот на одреден компјутер може да се направи преку следниот линк, а истото се препорачува да се провери преку сите достапни прелистувачи на компјутерот.
Извор: The Verge