youtube-messages

Промената која што од YouTube ја воведуваат од оваа недела ќе ги интересира YouTube креаторите, односно сопствениците на канали. Се однесува на системот за пораки кој што е заменет со нов, како и подобрување во начинот на менаџирање на коментарите од фановите.

Стариот систем за пораки, односно Inbox почнувајќи од оваа недела нема да функционира, а пораките во него ќе можете само да ги читате, но не и да одговарате на нив. Како што истакнуваат на YouTube блогот, пораките кои што се наоѓаат во сандачето ќе може да бидат симнати во наредните месеци, како и контактите. Доколку сакате да ги симнете вашите стари пораки и контакти, од YouTube препорачуваат да го следите следното упатство. Со исклучувањето на Inbox делот, од YouTube претставуваат нов систем за пораки, Messages, кој што ќе ги вклучува следните карактеристики:

  • Подредени разговори (threaded), како што се одамна направени во Gmail, со што ќе се овозможи полесно следење на разговорите на иста тема
  • Испраќањето на пораките од страна на фановите се прави преку одење во About делот на каналот и притискање на копчето Send Message
  • Spam филтер за заштита од несакани пораки

Покрај новиот систем за пораки, делот за коментари вклучува неколку подобрувања, а тие се:

  • Можност за прегледување на коментарите само од претплатниците на каналот, како и прегледување на популарните коментари и прегледување на коментари од конкретно видео
  • Прегледување на коментарите пред нивно одобрување од едно централно место
  • Можност за пребарување низ коментарите според специфични зборови и hash ознаки

Извор: YouTube Creators, TNW