Ако сте љубител на point-and-click авантури тогаш со сигурност сте запознаени со работата на Frogwares и нивното децениско создавање на одлични игри инспирирани од Sherlock Holmes. Новата игра Crimes and Punishments нуди едно ново искуство кое вреди да се проба.
Славниот детектив Sherlock Holmes со помош на Unreal Engine 3 нуди можеби и најдобро играчко искуство од сите серијали досега. Украинските развивачи Frogwares уште од 2000 година го развиваат светот на Sherlock во едно интересно патешествие за страсните играчи.
Овој обид на развивачите е за нијанса различен од претходните игри бидејќи е сосема различно распореден. Постојат шест случаеви кои треба да се одгатнат, меѓутоа за оние кои навикнале на претходните серијали можеби ќе бидат малку разочарани од фактот што ниедна приказна не е поврзана меѓусебе. Шестте приказни му овозможуваат на играчот да се впушти во визуелно богат, но истовремено и мрачен свет полн со злосторства и казни.
Секако она што е главна приказна во сите сценарија е убиство кое славниот детектив заедно со Watson треба да го реши. Играчот може да го контролира Sherlock Holmes од прво или трето лице. Трагите се лесно воочливи бидејќи над нив има поле со текст.
Меѓутоа тоа очигледно не е најтешкиот дел во играта. Дедукцијата овојпат е решена малку поинаку со тоа што секој случај има повеќе од еден можен заклучок, а само еден е точен. Останува да ја симнете играта и да се впуштите во светот на Sherlock Holmes. Во коментарите подолу слободно можете да споделите кој серијал најмногу ви се допаднал и зошто.
Извор: PCWorld