Microsoft започна со тестирање на новата Xbox апликација за Windows 11 која конечно ќе има зошто корисниците да ја користат. Истата сега може да функционира на целиот екран, а во тој формат добива целосно нов кориснички интерфејс.
Овој кориснички интерфејс е замислен да биде сличен со тој од играчките конзоли, односно кратко кажано, корисниците добиваат можност својот компјутер да го претворат во играчка конзола.
Навигацијата на таканаречениот Xbox Full Screen Experience, е замислено да се прави со контролер од играчките конзоли, па корисниците во основа добиваат Xbox без да мора да ја купат играчката конзола.

Оваа новина официјално им станува достапна на малите играчки конзоли направени со Windows 11, а корисниците на компјутерите ја добиваат можноста да ја пробаат преку најновата Windows 11 верзија во Dev и Beta каналите од Insider програмата.
Како и сите новини кои се дел од Windows Insider верзиите, корисниците можат да ги очекуваат во месеците што следат, со некоја идна надградба на Windows 11.












































