Лаптоп во кој се ставени шест од едни од најопасните вируси, дигитални се разбира, беше продаден како уметничко дело од страна на уметникот Guo O Dong. Продажбата била направена во форма на наддавање и лаптопот на крај ја има достигнато сумата од 1,345 милиони долари.

Целта на уметникот била да покаже дека дигиталниот свет има големо влијание на реалниот, а за тоа голем дел од луѓето не се свесни. Пример за тоа се овие шест вируси кои имаат предизвикано штета од неколку милијарди долари, како на бизниси, така и на државни институции.

Компјутерот кој е користен е Samsung NC-10, а уметничкото дело го носи името „The Persistence of chaos“. Guo O Dong во разговор со The Verge истакнува:

„Ја имаме оваа фантазија дека работите кои се случуваат во компјутерите не можат вистински да имаат влијание на нас, но тоа е апсурдно. Вируси искористени како оружје кои влијаат на електричната мрежа или јавната инфраструктура можат да предизвикаат директна штета“.

Компјутерот е безопасен доколку не се поврзе на некоја мрежа, Wi-Fi или преку кабел, сеедно, како и доколку на него не се поврзе USB стикче. Што планира со него да прави човекот којшто го има купено, не е познато, па може и ќе слушнеме во иднина за нешто.

Сепак, се истакнува дека се работи за веќе застарени вируси, па не може да се искористат за правење на некоја реална штета.