Лајнус Себајстијан, сопственик на еден од најпознатите YouTube канали за технологија, Linus Tech Tips, претстави сопствен USB кабел, кој ќе се продава преку нивната онлајн продавница, која треба да стане достапна и надвор од САД.
Во видеото Себастијан објаснува за лошиот квалитет на повеќето кабли достапни на пазарот, односно перформансите кои стојат во карактеристиките од кабелот ретко се остваруваат во реалноста, при практична употреба.
Кабелот од Linus Tech Tips, наречен LTT TrueSpec, е направен во соработка со производител кој е избран после повеќе месечно тестирање на не така мал број на производители.
Повеќето не успеале да ги задоволат стандардите кои се потребни, па во видеото на почетокот од статијата можете да го погледнете целиот процес на избор за да се дојде до LTT TrueSpec.











































