Фото: Shutterstock.com

Помладите сигурно немаат ни слушнато за Teletext, а за постарите ова е одлично потсетување за оваа стара, но доста корисна технологија која беше популарна во главно некаде до 2000-тите години. Во основа се работи за можност за прикажување на текст на телевизорите од страна на каналите, а со тоа им се овозможуваше на гледачите да прочитаат повеќе информации, во време кога интернетот уште не постоеше или не беше толку масовно користен.

Иако Teletext бил замислен да се користи за повеќе, во главно оваа функција беше корисна за да се види програмата на каналите, како и да се прочитаат повеќе информации за филмовите и сериите.

Целосно имав заборавено на Teletext, па кога наидов на видеото во продолжение, ми беше едно од поинтересните видеа изминатиот период.

Претходна статијаProton Mail ќе добие неколку новини кои треба да го подобрат овој сервис познат по приватноста
Следна статијаSamsung ја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќна stick правосмукалка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.