Фото: Shutterstock.com

По победата на Трамп и донесувањето на извршната наредба за забрана на „DEI“ програмите во федералните институции, дел од познатите компании, како Google, ги откажаа ваквите програми и кај нив. 

Apple очекувано останаа на своите одлуки и истакнаа дека не планираат да ја откажат нивната ваква програма, а за истото беше и гласано на собранието на акционери на компанијата. 

Барањето за откажување на „DEI“ програмата до акционерите беше поднесено од страна на „Националниот центар за истражување на јавните политики“, но сепак истото не помина, односно акционерите гласаа против. 

Од компанијата им предложија на акционерите да гласаат против овој предлог, но се истакнува дека оваа програма изгледа ќе мора да биде променета со тек на време, како и со промената на законите. Сепак, Apple сакаат да задржат култура на припадност, па секогаш ќе имаат ваква или слична програма. 

Претседателот Доналд Трамп, со кратка објава на неговата Truth Social мрежа, ја критикуваше оваа одлука, па истакна дека „Apple треба да се ослободи од DEI правилата, а не само да направи прилагодувања на истите“. 

Критиките за DEI програмите, односно програмите за Разновидност, еднаквост и вклученост добиваат доста критики изминатите години кога и станаа доста форсирани од страна на повеќе организации. 

На истите разбирливо се гледа како на наметнување на вработени кои не се погодни за работното место, само врз основа на нивната националност, раса или слични карактеристики кои немаат врска со нечија професионалност и способност. 

Доста организации овие програми ги искористија за уцена на компаниите преку тужби со кои се влијаеше на нивното работење, а дел од нив и пропаднаа. 

Претходна статија„ПроКредит бизнис академија“ – нова програма на ПроКредит Банка за поддршка на микро и малите бизниси
Следна статијаНовата „e“ категорија на iPhone може да се очекува секоја година, доколку iPhone 16e доволно добро се продава
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.