apple-headquarters7

Сигурно повеќето од нас го имаме видено дизајнот на новото седиште кое што Apple го гради веќе неколку години. Истото најчесто се споредува со вселенски број, поточно летечка чинија, што кога ќе се види изгледот, веднаш станува јасно зошто е тоа така.

Седиштето на компанијата се гради на површина од повеќе од 260 хектари. Целиот објект ќе се издржува самиот, односно потребната енергија ќе се добива од самата локација, што го прави објектот навистина еколошки. Се разбира, тука на помош е и самата градба која што ќе биде направена според најновите еколошки стандарди.

Во продолжение можете да погледнете до каде е изградбата на објектот која што треба да биде завршена до крајот на идната година или почетокот на 2017. Видеото е снимено од страна на фотографот Duncan Sinfield и е направено со помош на дрон. Снимката покажува до каде е градбата на 1ви септември, а има и споредба со истата пред еден месец. Исто така, во видеото интересно е вметнато видеото и аудиото од Steve Jobs како говори пред општинските власти за добивање на дозвола за градење на објектот.

Извор: The Verge, FastCompany

Претходна статијаПрвата тест верзија на Firefox за iOS достапна за корисниците во Нов Зеланд
Следна статијаSkype за Android и iOS со променет дизајн прилагоден за соодветната платформа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.