Фото: Shutterstock.com

TikTok делумно се спаси од целосен прекин на функционирањето во САД кога Доналд Трамп донесе извршна наредба уште првиот ден по преземањето на власта, со што го одложи блокирањето на апликацијата за 75 дена. 

Ваквото одложување е возможно врз основа на законот со кој започна блокадата на TikTok, а поради останувањето на мрежата во сопственост на кинеската ByteDance. Причината за ваквите закон е одамна позната, а во главно се врти околу потенцијалното загрозување на националната безбедност на САД од страна на Кина. 

Фактот што ByteDance е кинеска компанија, се верува дека со тоа податоците во TikTok им се достапни на кинеските власти, а тука е и можноста за пропаганда насочена кон корисниците. 

Апликацијата веќе е критикувана и поради други причини, како што е видот на содржина по кој е позната TikTok и влијанието посебно на младите корисници.

Според информации кои ги објави NPR, од извори кои остануваат тајни, администрацијата на Трамп преговара апликацијата да биде продадена, како што бара законот. За таа цел наводно се разговара со Oracle, компанија која и минатиот пат беше во игра, заедно со уште неколку други инвеститори. 

Планот е да се купи мнозинскиот удел во TikTok, додека ByteDance би задржале малцински удел, односно не се работи за целосно купување на мрежата. 

„Според договорот што сега го преговара Белата куќа, кинескиот сопственик на TikTok, ByteDance, ќе го задржи малцинскиот удел во компанијата, но алгоритамот на апликацијата, собирањето податоци и ажурирањата на софтверот ќе бидат надгледувани од Oracle, кој веќе ја обезбедува основата на TikTok веб инфраструктурата.“ – истакнуваат од NPR.

„Целта е Oracle ефикасно да го следи и да обезбеди надзор над она што се случува со TikTok, рече лицето директно вклучено во разговорите, кое не беше овластено јавно да зборува за размислувањата. ByteDance нема целосно да исчезне, но ќе ја минимизира кинеската сопственост.“

Според информациите, Microsoft повторно се споменуваат како можни купувачи на TikTok, а компанијата беше дел од ваквата можност минатиот пат кога Трамп беше за блокирање на апликацијата и продажба на истата. 

Два проблеми се истакнуваат за можно решение и спас на TikTok. Едното е докажувањето пред Конгресот дека апликацијата веќе не може да претставува заканата за националната безбедност, односно дека Кина не може да има пристап до кодот и податоците. 

Другиот проблем е вредноста на TikTok која се проценува на 200 милијарди долари, сума која ќе биде проблем да биде обезбедена дури и од неколку инвеститори заедно. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2NPR
Претходна статијаКорисниците на YouTube Premium добија пет нови експериментални функции кои можат да ги пробаат
Следна статијаАнхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.