Скопје, Р. С. Македонија – Април 2024 – Bransys, македонска продукт ориентирана IoT компанија, лидер во областа на иновации во секторот на управувањето со отпад, со гордост ќе ја претстави својата најнова платформа за следење и менаџирање на возила и дополнителна опрема на WasteExpo 2024, најголемата светска изложба за иновации во индустријата за отпад и рециклирање. Саемот и Конференцијата ќе се одржи од 6ти до 9ти Мај во Лас Вегас, Невада, САД.

На овој настан, Bransys ќе го претстави својот напреден систем за менаџирање на дополнителна опрема (контејнери, корпи, пакети, мобилни тоалет кабини и сл.), кој целосно ќе го дигитализира начинот на кој компаниите управуваат со својата опрема, со најголем фокус на менаџирање на транспорт на отпадни материјали. Оваа иновативна платформа обезбедува комплетно следење и менаџирање на контејнери, корпи и слична опрема со поголема вредност, што им овозможува на компаниите ефикасно да управуваат со нивните ресурси и да ги намалат оперативните трошоци, како и грешките од човечки фактор. EZtoTrack 2.0 е дизајниран да ги рационализира операциите и да ја максимизира ефикасноста. Оваа иновативна платформаобезбедува верификација на услугите, дијагностика со далечинско проверување на моторот, интеграција со тежински ваги, управување со средства и многу повеќе – сè тоа во една целосно автоматизирана платформа.

“Нашиот целосно интегриран систем за менаџирање на опрема е резултат на години истражување и развој, со фокус на потребите и предизвиците на компаниите кои работат со транспорт на отпадни материјали и габаритен отпад”, изјави г-дин Бранко Трајковски, основач на Bransys. “На WasteExpo 2024, сме возбудени што ќе имаме шанса да ја споделиме нашата најнова иновативна платформа и на лице место да ги презентираме придобивките од дигитализацијата и автоматизирањето на процесите на комуналните компании.”

Сите заинтересирани за новиот систем на Bransys и неговите функционалности се поканети да го посетат нивниот штанд на саемот, кој се наоѓа на број 4053. Таму, тие ќе имаат можност да се запознаат со продуктот и да добијат дополнителни информации од нашиот тим на експерти.

На сите заинтересирани за овој настан, Bransys  им овозможува бесплатна влезница на саемот и 25% попуст на влезниците за конференцијата, користејќи код за попуст при регистрација. Се што е потребно е да испратите ваши податоци на sales@bransys.com и тимот на Брансис ќе ве контактира за подетални информации како да ја преземете вашата влезница за саемот.

За дополнителни информации и побрз контакт, молиме контактирајте нè на sales@bransys.com.

Претходна статијаОпштествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село
Следна статијаDuckDuckGo го претстави Privacy Pro пакетот кој вклучува VPN развиен од компанијата