Фото: АЕТМ

„E-commerce Awards” претставува значајна иницијатива за е-трговијата, која преку транспарентен и структуриран процес ги препознава насјуспешните за изминатата година, ги наградува за напорите и посветеноста и придонесува кон јакнење на довербата кај онлајн купувачите. Ваквите избори имаат важна улога во развојот на секторот, поттикнувајќи здрав натпревар и континуирано унапредување на услугите и корисничкото искуство.

Овогодишното издание бележеше над 36.000 гласови дадени од повеќе од 4.200 гласачи. Граѓаните имаа можност да гласаат за своите омилени е-продавници, при што гласањето од јавноста учествуваше со 60% во конечниот резултат, а 40% од оценувањето на стручна жири-комисија во финалната фаза. Единствено во категоријата „Најпопуларна е-продавница“, победникот се избра само врз основа на гласовите од јавноста.

Во овогодишниот избор беа номинирани 217 е-трговци, кои се натпреваруваа во 18 категории, а во рамки на свечената церемонија на E-commerce Awards 2025 беа доделени вкупно 38 награди. Со овие признанија се наградуваат најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни аспекти на онлајн продавањето.

Во продолжение се претставени победниците по категории:

Најдобри е-продавници по сектори:

  • Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци:
  • Е-продавница за бела техника и електроника: neptun.mk
  • Е-продавница за храна и пијалоци: korpa.mk
  • Е-продавница за здравје, нега и убавина:
  • Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали: akcija24.mk
  • Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки: svetotnabibi.mk
  • Е-продавница за услуги:
    • Второ место: a1.mk
  • Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација: literatura.mk
  • Маркетплејс и мулти е-продавница:

Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање:

  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање:
  • Е-трговец со најдобра достава:
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници:
    • Второ место: a1.mk
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми:
  • Најдобра веб-страница за плаќање на сметки: evnonline.mk
  • Мобилна апликација за е-трговија на годината: wolt.com

Шампиони во е-трговија:

Покрај овие награди, беа доделени и три специјални признанија:

  • Признание за меѓународна експанзија во е-трговија: fitkit.app
  • Признание за најдобра промоција на Беџот за верификуван е-трговец: zegin.com.mk
  • Признание за најдобра е-продавница основана и управувана од жена: zia.mk

На свечената церемонија, на победниците им беа врачени престижни статуетки како симбол на нивните достигнувања во е-трговијата, како и дигитални беџови кои можат да ги истакнат на своите е-продавници, со што дополнително се зајакнува довербата кај купувачите.

Ова издание на E-commerce Awards се реализираше со поддршка на Prime партнерот Diners Club, Growth партнерите Halkbank, Eurolink, Halk Insurance, Eco Logistic Service, Eco Fulfilment Center и Credissimo, гала партнерите Porsche Македонија и Park by Ragusa и винскиот партнер Imako вино.

Сите победници на овогодинешните E-commerce Awards може да се погледнат на официјалната веб страница на изборот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/.