eestec-academy-cover-1

Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од 1 октомври започна со реализирање на серија бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број на студенти на УКИМ. Третиот модул – 3D printing ќе биде во периодот од 5ти до 15ти декември.

Серијата од различни модули под името ЕЕСТЕК Академија  се реализираат на техничкиот кампус на УКИМ. Предавањата на секој од овие курсеви се на атрактивни теми, а нивната реализација ја вршат гостински предавачи или во соработка со факултети и компании. Идејата за реализација на овој проект е на студентите да им се понуди моќно комплементарно образование надвор од академската програма, а  со цел тие да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој. Академијата вклучува вкупно 6 посебни модули со кои ќе се продолжи и оваа година, на уште поатрактивни теми кои им недостасуваат на студентите во образовниот систем. За секој од модулите има посебно пријавување и селекцијата за учество.

Модулот ќе овозможи самостојно осмислување на прототип, а потоа создавање на модел за истиот кој ќе биде испечатен во 3D за сите учесници.

Секој што сака да ја имплементира својата идеја од замисла во реализација ќе има можност тоа да го направи со самото присуство. Реализирањето на идеите е главна цел, независно од нивото на знаење кое го имаат учесниците, без разлика дали се почетници или пак веќе имаат искуство во оваа област.

Бидејќи учењето е преку практичен начин, задолжително е секој партиципант да биде со свој лап топ, со претходно инсталирана програма AutoCAD.

Бројот на партиципанти е ограничен на 20 учесници, кои ќе се бираат според пополнетата форма за апликација. https://goo.gl/rT8otP

Претходна статијаMicrosoft ги лансира Solitaire игрите со карти на Android и iOS
Следна статијаХуго Бара: Xiaomi не прави профити на паметните телефони