Shutterstock.com

Според информација која ја објавија од Bloomberg, Европската Комисија разгледува начини како да ги обврзе земјите членки на ЕУ да престанат да ја користат телекомуникациската опрема од кинеските Huawei и ZTE. 

Од Комисијата бараат начин како препораката за прекин на користење на опрема од производители кои се сметаат за ризични од 2020 да ја претворат во закон.

Сложениот дел од оваа „желба“ на Комисијата е во тоа што секоја земја членка на Европската Унија посебно решава која опрема ќе ја користи, па ЕК на располагање ќе има само одредени казни кои не секогаш се покажуваат како ефикасни. 

Со големиот пораст на популарноста и на оптичките мрежи за крајните корисници, од Комисијата планираат и овој дел од телекомуникацискиот пазар да го ограничат, односно да го вклучат во забраната. 

Од Комисијата ја разгледуваат и можноста ова правило да го прошират и кон земјите кои не се членки на ЕУ, а преку скратување на одредени грантови кои се поврзани со телекомуникациите. 

Причината за ова, односно барем официјалната причина, очекувано е поврзана со безбедноста, а прв кој започна со ограничување на кинеските производители поради вакви причини е Доналд Трамп во неговиот прв претседателски мандат.