Акција Еко попуст 

Продолжува акцијата за собирање стари уреди, со уште поголеми поволности за корисниците. Отсега еко попустот за T Phone, кој изнесува 3000 денари ќе биде активен во текот на целата година. Проширена е и палетата на стари уреди за кои се добива попуст и освен телефони, корисниците ќе може да остават: слушалки, таблети, паметни часовници, полначи.

Оваа акција во која корисниците дирекно придонесуваат, почна пред неколку години и досега се собрани над 40.000 стари мобилни уреди кои се рециклираат во партнерство со „Нула Отпад“. 

Иницијативата Еко-попуст го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta, кој го доделува Дојче Телеком за исклучителни еко – иницијативи од целата групација. 

Акција во училишта и градинки

Во соработка со „Нула Отпад“ се организира и акција за собирање стари уреди во повеќе училишта и градинки во Скопје. Акцијата се одвива во текот на април 2025 година, а одделенијата и градинките коишто ќе соберат најмногу електронски отпад добиваат подарок – прочистувач за воздух. Оваа акција има едукативна цел, но го поттикнува и натпреварувачкиот дух и работењето во група кај децата и младите. 

Македонски Телеком се залага за намалување на негативното влијание врз природата, со особен акцент на циркуларната економија и има одговорност да направи вистинска разлика за поздрава животна средина.Повеќе за Еко попуст на: www.telekom.mk

Претходна статијаБрзо и безбедно: Со е-ПИН преку СМС до целосен пристап на вашата платежна картичка
Следна статијаSamsung Electronics шеста година по ред е на првото место на глобалниот пазар за гејминг монитори