LANDINGS_EX_SQUINT_0_0

Одлично дизајнирани канцеларии и огромни градби не се ништо ново за „Google“. Кога и да направат таков голем проект, имаат тенденција да инвестираат многу и да се погрижат тоа да изгледа исклучиво добро.

Таков е и примерот со последниот проект кој го планира „Google“ и планот е да биде направен скоро целосно од стакло. Зад дизајнот стои данскиот архитект Бјарк Ингелс. Целта на градбата е да биде функционална покрај тоа што изгледа добро, така што внатрешната конфигурација ќе може да се менува многу брзо и ефикасно со помош на вградени роботи и кранови.

Charleston-South_Exterior_Softgrid_0

Покрај тоа што кампусот ќе биде целосно модуларен со цел да се приспособува на потребите на вработените, дел од целта е и да го краси изгледот на местото од околината.

Наместо да се прави целосно нова градба, „Google“ ќе гради врз веќе постоечките згради што ги поседува во Маунтен Вју. Според нивната изјава, постоечките градби ќе бидат заменети со стаклениот модуларен кампус, што нема да зафати целосно ново место, но драстично ќе се зголеми употребливата површина на кампусот. Површината што е во план за кампусот ќе изнесува некаде околу 316 илјади метри квадратни.

„Google“ исто така изјавува дека ова е само почетокот од нивните планови за градење на нивните кампуси и нивната цел е далеку поголема и софистицирана.

Извори: The Verge

Претходна статијаНовиот „Samsung Galaxy S6“ го има најдобриот екран на пазарот
Следна статијаИнтел испорачува сила, интелигенција на Xeon процесор во „систем-на-чип“ обраќајќи се на нови, растечки можности во мрежата