141121153956-google-break-up-620xa

При крајот на Јануари оваа година можевме да прочитаме неофицијални информации според кои што Google планира да влезе на пазарот на мобилни оператори. Според информациите, тоа од компанијата би го направиле користејќи ја постојната мрежа на другите оператори, односно преку станување Виртуелен мобилен оператор.

На MWC 2015 Sundar Pichai од Google до некаде ги потврди овие информации, давајќи неколку информации околу што е тоа што се планира. Планот сепак не е целосно презентиран се’ уште, а тоа се очекува некаде во наредните месеци, најверојатно на Google I/O конференцијата.

Она што беше објавено е дека од компанијата не планираат да станат голем играч на пазарот и со тоа директно да им конкурираат на моментално најголемите оператори. Google може да се каже и дека доста зависи од соработката со операторите преку кои што се продаваат Android телефоните.

Исто така, беше истакнато дека Google нема да излезе со толку ниски цени кои што целосно ќе го размрдаат пазарот. Наместо тоа, целата на станувањето на оператор е развојот на одредени технологии за кои што од Google се надеваат дека ќе бидат понатаму прифатени од страна на другите оператори.

Пример за тоа какви технологии би биле развивани е комбинирање на мобилната мрежа и Wi-Fi при разговорите што би овозможило непрекинато разговарање без разлика која од овие мрежи се користи. Исто така, се истакнува желбата за развој на систем кој што ќе врши автоматско поврзување на повикот доколку дојде до негово прекинување и слично.

Извор: The Verge

Претходна статијаProject Spartan прелистувачот ќе биде достапен во наредната тест верзија на Windows 10
Следна статијаSamsung Galaxy S6 и S6 Edge се најдобрите Galaxy досега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.