Фото од StockSnap преку Pixabay

Honda, познатиот јапонски производител на автомобили, оваа недела беше погоден од вирус, најверојатно од категоријата на „ransomware“, односно вируси кои ги заклучуваат и шифрираат податоците и за нивното отклучување се бара откупнина, односно да се плати на хакерите.

Проблемот којшто е настанат бил доволно голем за да биде прекинато производството во фабриките на компанијата низ светот, а тие постепено се враќаат во функција.

Покрај фабриките, престанале да функционираат и финансиските сервиси, како и корисничката поддршка на компанијата. Случувањата ги потврдија од Honda за повеќе портали, а и преку Twitter објава.

Од компанијата истакнуваат дека до сега не виделе доказ дека се изгубени лични податоци од клиентите.

Ова е еден од поголемите проблеми кои имаат настанато и кои ја имаат погодено компанијата од оваа големина, што го покажува степенот на сериозност кога се во прашање „ransomware“ малициозните датотеки.