Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија и МААМ – македонската асоцијација на агенции за маркетинг, потшишаа меморандум за соработка со цел промовирање, развој и континуирана соработка во областа на дигиталното огласување во Република Македонија.

Во име на здруженијата, меморандумот го потпишаа претседателот на МААМ, Г-дин Сашо Пешев и Претседателот на ИАБ Г-дин Борис Ефтимовски, обврзувајќи се дека во рамки на својата примарна дејност и цели, здруженијата заеднички ќе дејствуваат и меѓусебно ќе соработуваат во интерес на дополнителниот развој на дигиталното огласување на територијата на Република Македонија на повеќе начини и преку повеќе заеднички проекти.

Истовремено, МААМ Македонија како асоцијација на водечките маркетинг и медиски агеции во Македонија,  го поздравува имплементирањето на саморегулаторниот Етички Кодекс на добри професионални практики кој го иницираше ИАБ Македонија и ги повикува своите членки (маркетинг и медиски агенции од Македонија) да го поддржат процесот преку поинтензивна соработка со дигиталните медиумски издавачи кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ Македонија.

МААМ и ИАБ Македонија заеднички ги повикуваат дигиталните издавачи од Македонија да се приклучат на иницираните процеси и:

  • да го прифатат Саморегулаторниот Етички Кодекс на ИАБ Македонија и
  • да учествуваат во анализата и мерењето на дигиталниот пазар кој ќе го спроведува избраната истражувачка агенција (трета независна страна).
Претходна статијаПријави се за учество во добротворниот хакатон „KindHack“
Следна статијаDisplayMate го тестираше екранот на новиот Galaxy Note9 и тој поставува нови рекорди во повеќе области