ive_hero20110204

Во прилично долг текст и интервју од страна на Stephen Fry од The Telegraph со Jony Ive и Tim Cook објавен денес, се открива информацијата за новата позиција која што му е доделена на Ive во Apple.

Тој од 1-ви Јули ќе дојде на чело на ново формирана позиција во компанијата наречена Главен Директор за Дизајн, односно Chief Design Officer (CDO). Ова се разбира претставува унапредување за еден од најпознатите лица на Apple кој што стои зад развојот на поголемиот дел од производите на компанијата.

Досега тој беше директно задолжен за дизајнот на производите и корисничкиот интерфејс. Позицијата која што ја напушта, Постар Потпретседател за Индустриски дизајн и Дизајн на Кориснички интерфејс, ќе ја преземат двајца долгогодишни вработени во компанијата кои што директно имаат соработувано со него.

Се работи за Richard Howarth кој што станува ПП за Индустриски дизајн, што го става на чело на дизајнирањето на изгледот на мобилните телефони, компјутерите и слично.

Вториот човек е Alan Dye кој што станува ПП за Дизајн на Кориснички интерфејс. Тоа значи дека тој ја добива задачата за развојот на изгледот на софтверскиот дел од производите, односно корисничкиот интерфејс на iOS и OS X, како и апликациите од компанијата.

Jony Ive останува главниот човек за дизајните во компанијата, односно двата нови директори повторно ќе одговараат пред него. Новата позиција до некаде го трга од секојдневните директни врски со развојот на дизајните, па тој ќе може да се концентрира повеќе на дополнителни работи.

Тој веќе работи на дизајнот на новата зграда на Apple, а исто така и на дизајнот на продавниците кои што се едни од поубавите во светот. Како што се истакнува во интервјуто, тој сега ќе има повеќе време за патување и развој на нови дизајни.

Извор: The Telegraph, 9to5Mac, TNW

Претходна статијаСветот ќе има 3,2 милијарди интернет корисници до крајот на годината
Следна статијаiPhone 6S ќе има екран со “Force Touch”
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.