Фото: Samsung

Скопје, 19 февруари 2026 година – Зимските Олимписки Игри 2026 официјално започнаа и во Олимпиското село една работа е јасна: Олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip 7 Olympic Edition) многу брзо стана неопходен дел од секојдневното олимписко искуство на спортистите. Подарен на речиси 3.800 олимпијци и параолимпијци, Олимпиското издание на уредот Galaxy Z Flip 7 им помага да останат поврзани со домот, да уловат незаборавни моменти и да го споделат своето патување со фановите во реално време, сето тоа додека беспрекорно се вклопува во брзиот ритам на животот на Олимписките игри.

Блиску до домот, дури и на километри оддалеченост 

За многу спортисти, Олимпиското село е привремен дом исполнет со емоции, исчекување и тивки моменти меѓу натпреварите.

Италијанската натпреварувачка во брзо лизгање на кратка патека, Аријана Сигел (Arianna Sighel), совршено го долови тоа чувство, споделувајќи селфи-фотографија сликана со одраз во огледалото од својата соба со Олимпиското издание на уредот, прикажувајќи прекрасна фотографија од нејзиното семејство на предниот екран на Galaxy Z Flip 7. 

Со својот компактен, преклоплив дизајн и висококвалитетна селфи камера, Олимпиското Издание им овозможува на спортистите лесно да се јават на најблиските, преку брза фотографија, видео повик или порака пред да излезат.

Живот во Олимпиското село, со едно движење со „повлекување“ (swipe)

Белгиската ѕвезда во брзо лизгање Барт Свингс (Bart Swings) им понуди на фановите поглед зад сцената во неговите први денови во Милано, „повлекувајќи“ (swipe) низ моменти што го дефинираат олимпискиот живот: селфи – фотографии во собата со лизгалките, иконични фотографии од олимписките кругови во срцето на селото и возбудата од распакувањето на Олимпиското издание на Galaxy Z Flip 7 директно од штандот на „Samsung“.

Оттогаш, Олимпиското издание го следи Барт насекаде. Дел е од дневните рутини на тренинзи на мраз, монтиран е за велосипедски сесии со функцијата „Dual Recording“ и снимање на тренинзите во теретана. За спортистите кои балансираат тренинзи, опоравување и креирање содржина, моќен комуникациски уред во џебен формат прави огромна разлика.

Иконични позадини, незаборавни селфи – фотографии

Прекрасните пејзажи околу локациите кои се дел од Милано Кортина 2026 ги инспирираа спортистите да застанат и да го „уловат“ моментот. Алпската скијачка Елена Куртони (Elena Curtoni) направи светла селфи – фотографија во планините пред олимписките кругови, исполнувајќи една „must have“, задолжителна спомен-фотографија од игрите со нејзиното Олимписко издание на Galaxy Z Flip 7.

На мразот, холандската олимписка шампионка во кратки стази, Сузан Шултинг (Suzanne Schulting), сподели селфи – фотографии од тренинг покрај патеката, без да изгуби ритам меѓу круговите.

Споделување на магијата – заедно

Некои моменти се едноставно премногу големи за да не се споделат. Полскиот спортист Михал Вожњак (Michał Woźniak) ја долови чистата енергија од Церемонијата на отворање во видео со своите соиграчи, додека швајцарскиот сноубордер Давид Хаблутцел (David Hablützel) го сними своето прво патување до тренинг на локација — пресвртнички момент поддржан од Олимпиското издание на Galaxy Z Flip 7.

Фристајл сноубордерот Маркус Клевеланд (Marcus Kleveland) ја резимираше возбудата за време на распакувањето на уредот: „Елегантен, компактен и создаден за движење, исто како животот на снег.“.

На патеките, Тксема Мазет – Браун (Txema Mazet-Brown) прослави што е дел од тимот Samsung Galaxy, снимајќи снежни моменти со Олимпиското издание.

Унапредување на олимпиското искуство 

Од утрински тренинзи до повици дома, Олипмиското издание на Galaxy Z Flip 7 беше топло прифатено од спортисти во сите дисциплини. Неговиот компактен дизајн лесно се вклопува во џеб, „Flex“ Режимот отвора нови креативни агли, а моќната камера им помага на спортистите да ги раскажат своите олимписки приказни, токму онака како што ги живеат.

Во Олимпиското село во Милано, Galaxy Z Flip7 Olympic Edition не е само смартфон. Овој уред  е врска со домот, креативна алатка и создавач на спомени, помагајќи им на спортистите да се фокусираат на најважното, додека го бележат секој незаборавен чекор од своето олимписко патување.