Во организација на Макпетрол – Центар Dell ќе се одржи настанот Dell Enterprise Solutions Showcase кој што има за цел да ви олесни во размислувањата како да го подготвите вашиот дата центар за иднината.
Секојдневно слушаме дека технологијата е основа за зајакнувањето на бизнисот, достигнувањата во животот, како и позитивните промени низ целиот свет. Дојдете да се уверите зошто технологијата е таа која го движи светот напред. На овој настан, посветен на достигнувањата во IT индустријата, ќе се запознаете со неколку успешни сценарија базирани на новите Dell технологии имплементирани во Република Македонија.
Бидете дел од овој настан. Регистрирајте се веднаш за да го обезбедите вашето место на настанот кој ќе Ви овозможи да добиете максимално од Вашиот IT буџет.
Настанот ќе се одржи на 10-ти декември со почеток од 9:30 до 15:00 часот во ERA Business Center – Skopje. Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на достапни места е ограничен.
Агендата од настанот, како и други дополнителни настани ќе бидат достапни наскоро.