Фото: Shutterstock.com

Meta оваа недела официјално ќе започне со примена на ново правило за вработените кои работат од дома, кое го најави во јуни оваа година. Вработените ќе мораат да доаѓаат најмалку три дена во канцелариите од компанијата и од таму да ги извршуваат своите работни задачи.

Вработените кои ќе мораат да почнат да доаѓаат во канцеларија се тие кои не се посебно одредени како вработени кои може цело време на работат од дома.

Компаниите едно време истакнуваа дека продуктивноста воопшто се нема намалено кога вработените беа „приморани“ да работата од дома, но сепак мислам дека јасно беше дека тоа нема да може да продолжи долгорочно.

Сега се покажува дека сепак одредени работи не можат да бидат заменети со видео повици, па присутноста на вработените во канцеларија за директен контакт е нешто што тешко дека некогаш ќе биде заменето.

Овој стил на работа се покажува дека е стандарден за ИТ компаниите во САД кои се’ уште не се целосно вратени на работење од канцеларија.

Како што е познато, работењето од дома започна во 2020 година со почетокот на корона кризата. Поради заштита од ширење на вирусот, компаниите започнаа со работа од дома, а со тоа станаа популарни апликациите и сервисите за видео конференции и слични.

Кризата траеше многу повеќе од што беше потребно, па од првичната најава за неколку недели, короната може да се каже дека „издржа“ дури три години, а информациите сега потврдуваат дека со исклучок можеби на првите месец до два, никоја од мерките не беа оправдани. Тоа посебно важи за ефектот на бизнисите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаApple и ARM договорија соработка која би траела и по 2040 година
Следна статијаWindows 11 ќе почне да го почитува изборот за главен прелистувач на корисниците во ЕУ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.