5d193dee-a486-4a29-b22b-b6a1d1291b32_20

Microsoft моментално работи според бизнис моделот со кој што своите оперативни системи ги лиценцира на производителите на уреди, што претставува нивни најголем бизнис и извор на приходи. Сепак поради конкуренцијата која што во одредени сегменти е подобра од Microsoft, а и купувањето на Nokia, поради што ќе биде изгубен најголемиот извор на пари од лиценци за Windows Phone платформата, од Microsoft размислуваат некои од верзиите на оперативните системи да ги даваат бесплатно на производителите на уреди.

Поточно според извори на порталот The Verge во Microsoft размислуваат бесплатно да ги даваат Windows Phone и Windows RT оперативните системи. Ова се планира за 2015 година, кога и се најавува унифицирање на оперативните системи. Преку овој чекор Microsoft би предизвикал поголем интерес од страна на производителите и би ја зголемил нивната желба за користење на некоја од верзиите на Windows во нивните уреди.

Намалувањето на приходи поради ваквиот чекор би требало да биде надоместен преку реклами во апликациите, кои што моментално и може да се видат во некој од нив на Windows 8, односно 8.1. Исто така Microsoft би работел на развој и зголемување на корисниците на платените сервиси како, SkyDrive, Office и Skype.

Претходна статијаViber Out сервис за јавување на телефони
Следна статијаMicrosoft воведе можност за префрлување на пораките од Gmail на Outlook.com
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.