Фестивалот оваа година се одржува на аеродромот Етимесгут во Анкара, а целта на организирањето на ваков фестивал е да се разбуди интерес и да се зголеми свеста за прашањата на аеронаутиката, вселената и технологијата.

„Нашето учество овде денес означува важен чекор кон поттикнувањето на соработката со иновативниот екосистем во Република Турција, но и пошироко, имајќи предвид дека денес овде имаме познати меѓународни компании од светот на технологијата и иновациите. “ – изјави министерот Алиу.

Инаку, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, е првиот министер кој направи важен чекор развивајќи ги работите за создавање на “Агенцијата за дигитализација” во Македонија.

Оваа Агенција ќе служи како главна и одговорна институција за спроведување и координација на дигиталната трансформација во земјата.

Овој уникатен модел кој e дизајниран да ја имплементира дигиталната инфраструктура во државата, се признава како уникатен пристап, кој предизвика значаен интерес кај високо развиените земји во Европа и пошироко.

По многу билатерални средби, министерот Алиу е поканет да го претстави концептот за дигитализација на јавните услуги во Македонија во повеќе земји во Европа и пошироко. 

Претходна статијаКорисници на iPhone 14 серијата се жалат на побрзо намалување на капацитетот на батеријата
Следна статијаLG StandbyME Go е преносен телевизор во актовка замислен да се користи надвор од домот