Во рамките на MWC 2026, Motorola го најавија своето ново партнерство со GrapheneOS Foundation. Ова партнерство би требало да донесе доста подобри функции за заштита на приватноста на корисниците, па Motorola телефоните би привлекле дополнителна група на корисници.
GrapneneOS Foundation е непрофитна организација која стои зад развојот на познатиот GrapheneOS, оперативен систем направен на основа на отворениот код на Android, односно на основа на Android Open Source Project (AOSP).
Овој оперативен систем е познат по тоа што ја нуди можеби најголемата приватност за корисниците на пазарот, па мислам дека тој и не е потребен за обичните корисници.
Motorola најавува дека заедно со GrapheneOS Foundation ќе работат на подобрување на безбедноста на смартфоните, а ќе соработуваат и во развојот на идни уреди.
Ова значи дека може да се очекува целосна компатибилност на Motorola телефоните со GrapheneOS, а не верувам дека од компанијата официјално би претставиле уред кој доаѓа со овој систем. Телефоните од Motorola ќе бидат додадени на листата на поддржани уреди за овој систем.
Дополнително може да се очекува дека Motorola ќе вгради дел од функциите за приватност кај нивниот оперативен систем, како резултат на соработката со GrpaheneOS.







































