Фото: Netflix

Netflix официјално се откажа од процесот на купување на Warner Bros.Discovery, а за многумина ова може да се каже дека се добри вести. Најголемиот и најпознат „стриминг“ сервис е доста критикуван изминатите години за мешањето идеологија во огромен дел од нивната содржина, а посебно таа за децата, па пазарниот удел и влијанието кои би ги добиле со купувањето на Warner Bros се сметаа за преголеми. 

Информацијата дека од компанијата се имаат договорено со одборот на директори на Warner Bros за купување на дел од компанијата, поточно делот со стриминг сервисот и филмските канали, беше објавена во декември минатата година. 

Веднаш потоа излезе и информацијата дека понуди цело време имаат давано и од страна на Paramount, но изгледа од Warner Bros поради некоја причина беа решени за Netflix и покрај пониската сума која ја содржеше понудата од оваа компанија. 

Одбивањето да се откажат од страна на Paramount очигледно се покажа како успешно, па најновата понуда од компанијата официјално е означена како супериорна од страна на одборот на Warner Bros. 

Според информациите, најновата понуда на Paramount изнесувала 111 милијарди долари, вклучувајќи го преземањето и на долговите, како и целиот бизнис, односно и каналите како CNN, Discovery и другите. 

Сопственикот на компанијата која стои зад Paramount се поврзува и со претседателот Доналд Трамп, кој не го криеше неговото противење на договорот со Netflix. 

Тоа што сите можеме да се надеваме е дека Paramount ќе ги инвестираат своите пари во добра содржина, а не во ширење идеологија, па ќе видиме што ќе испадне на крајот во годините што следат.