DSC_6933

НИКО ФОН, една од најпознатите компании за продажба на мобилни телефони и останата галантерија, денеска го отвори својот нов салон во центарот од градот. Салонот е лоциран на почетокот од ГТЦ на приземје на десната страна од влезот од плоштад.

Со модерен дизајн и голем избор на производи, во новиот салон на НИКО ФОН можете да најдете се што ви е потребно за вашите „мобилни потреби“.

Она што ја издвојува оваа компанија од конкуренцијата е значењето кое што го дава на квалитетот на своите производи, коишто се оригинални и лиценцирани од соодветниот производител.

На сите ни е познато колку е важно потеклото на производот што се добива, а не се ретки ситуациите кога некој тоа го има дознаено на полошиот начин.

Исто така, сите клиенти на НИКО ФОН добиваат бесплатно прилагодување на нивните уреди, односно прилагодување на вашата онлајн сметка за работа на уредот, но и прилагодување на останатите сервиси како Dropbox на пример и слични.

Тоа значи дека што и да купите од НИКО ФОН, од салонот ќе излезете со целосно функционален уред спремен за користење.

Брендовите кои можете да ги најдете во салонот ги вклучува следните:

  1. SAMSUNG
  2. APPLE
  3. HTC
  4. HUAWEI
  5. NOKIA
  6. MICROSOFT
  7. LENOVO
  8. ACER
  9. XIAOMI

Од дополнителната опрема која се продава во НИКО ФОН достапни се производи од следните производители:

  1. SAMSUNG (оригинали)
  2. APPLE (оригинали)
  3. LDNIO (оригинален бренд)
  4. ROCKPHONE (оригинален бренд)
  5. SANDISK
  6. TOSHIBA

Во наредните статии ќе можете подобро да се запознаете со некој од производите кои се дел од понудата на НИКО ФОН.

Претходна статијаWindows 10 Insider Preview Build 14316 овозможува тестирање на промените најавени за Anniversary Update
Следна статијаИнтел овозможува брз и лесен премин на „клауд“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.