Фото: Samsung

Скопје, 6 февруари 2026 година – Во срцето на Милано, „Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори „Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni) – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

Свечената церемонија која се одржа на 4 февруари, официјално го обележа отворањето на „Самсунг Куќата“ со сечење на лента, а на настанот обраќање имаа истакнати гости, меѓу кои: Ан-Софи Вумар (Anne-Sophie Voumard), Директорка на Телевизиските и Маркетинг услуги на ИОК, Андреа Варние (Andrea Varnier), Извршен Директор на Милано Кортина 2026, како и претставници од регионот Ломбардија и Град Милано.

На церемонијата присуствуваа и претставници на Samsung. Воведно обраќање имаше Стефани Чои (Stephanie Choi), Извршен Потпретседател и Раководител на Центарот за мобилен маркетинг, Бизнис за Мобилно Искуство (Mobile eXperience – MX) во „Samsung Electronics“, додека  Мауро Порчини (Mauro Porcini), Претседател и Главен директор за дизајн, се приклучи како дел од делегацијата на Samsung.

Фото: Samsung

Настанот по повод свеченото отворање вклучуваше и перформанси во живо, како и специјално креирано миланско мени, подготвено од италијанскиот шеф со Мишелин ѕвезди, Енрико Бартолини (Enrico Bartolini).

„Самсунг Куќата го отелотворува верувањето на Samsung дека отвореноста ги зближува луѓето и прикажува како технологијата на брендот овозможува поповрзано Олимписко и Параолимписко искуство, не само на Милано Кортина 2026, туку и низ целата негова 30 годишна историја како светски партнер. Просторот во „Самсунг Куќата е дизајниран од „Balich Wonder Studio”, предводена од Марко Балич (Marco Balich), Креативниот Директор на Церемонијата за отворање на Милано Кортина 2026. Дизајнот на просторот е во ритамот на Зимските Олимписки Игри и не функционира како самостојна изложба, туку ја доловува атмосферата на церемонијата на отворање и ја пренесува на посетителите. Просторот содржи зони кои се дизајнирани да го истакнат наследството на Samsung во иновациите и да поттикнат значајни поврзувања.

„Самсунг Куќата“ ќе биде отворена во текот на Зимските Олимписки Игри, до 22 февруари 2026 година, по што повторно ќе се отвори за време на Зимските Параолимписки Игри, во период од 6 до 15 март 2026 година.