Фото: Shutterstock.com

Како што веќе е познато, Google се дел од судски процес преку кој Министерството за правда на САД се обидува да ја подели компанијата. Поради обвинувањата за монополско однесување, кратко кажано, се бара Google да го продаде Chrome прелистувачот, како и Android, односно компанијата да се насочи кон нивниот главен бизнис, интернет пребарувањето и реклами. 

Од Google при крајот на минатата година излегоа со предлози како да се реши проблемот кој властите го имаат со компанијата, без истата да се растури, но мали се шансите дека тоа ќе биде прифатено. 

Сега, според информации од The Information, главниот за производ на ChatGPT Ник Турли, во судскиот процес против Google, има изјавено дека OpenAI се подготвени да го купат Chrome, доколку дојде до потребата од истото. 

За OpenAI поседувањето на еден ваков производ, односно интернет прелистувач кој го има огромното мнозинство на корисници, би претставувало огромна придобивка. 

Можноста за пристап од податоците кои се достапни преку интернет прелистувачите, заедно со огромниот број на корисници на Chrome, е нешто што OpenAI ќе можат да го искористи при тренирањето на нивните јазични модели. 

Според информациите, во контекст на користа која би ја имале OpenAI, можно е судот да наложи и пристап до податоците од пребарувањата на Google Search, уште една незаменлива придобивка за компанија која работи со генеративна вештачка интелигенција. 

Процесот кој моментално се води против Google е доста голем и сериозен, кој влијае и на доста други компании, па дефинитивно ќе продолжам да го следам. 

Овој процес се смета и како до некаде одговорен за дополнителниот пад на популарноста на Firefox. Mozilla сега се соочуваат со голем пад на приходите од Google, поради што се насочуваат кон нови практики кои не се баш во рамките на нивниот углед за компанија која се грижи за приватноста на корисниците. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПовеќе од 1 милион денари за зелени иницијативи: дм дрогерие маркт поддржува еко-проекти за заштита на животната средина
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.