Додека чекаме да видиме кој ќе биде првиот производ од OpenAI, кој го развиваат во соработка со легендарниот Џони Ајв, нови информации повторно ги одложуваат очекувањата. 

Наместо да го видиме овој производ, кој сѐ уште е таен, оваа година, како што можевме да прочитаме пред некоја недела, сега информациите го ставаат претставувањето за идната година, најверојатно во февруари. 

Информацијата доаѓа од судска постапка поднесена од страна на компанијата „iyO“, која приговара на користењето на името на „стартапот“ од Џони Ајв, кој беше купен од OpenAI, „io“. 

Причината за тужбата веднаш е јасна, а иако имињата на двете компании не се пишуваат исто, кога се изговараат тие звучат скоро, ако не е целосно исто. 

Според информациите, OpenAI се имаат сложено да не го користат тоа име во производот, за кој уште немаме никаква информација, покрај шпекулациите, но тие тешко дека се во точен правец. 

Единствената официјална информација која е дадена за овој „мистериозен“ производ, е дека тој ќе биде трет основен уред, покрај смартфоните и компјутерите, кој ќе може да се носи со корисникот, како и да се постави на бирото. 

Секако, уредот ќе биде направен на основа на вештачката интелигенција и ќе треба да овозможи некаква форма на личен асистент кој го носиме со нас.