На Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026 „Победничката селфи – фотографија“ достигна ново ниво
Секој спортист кој освои медал имаше можност да го сподели својот индивидуален или тимски триумф од сопствена перспектива. Сите фотографии дел од „Победничката селфи – фотографија“ беа направени со олимпиското издание на Galaxy Z Flip7
КОРТИНА Д'АМПЕЦО, ИТАЛИЈА - 09 МАРТ: Освојувачот на бронзен медал Ендрју Курка (Andrew Kurka) од тимот на САД држи телефон додека се подготвува да направи победничкa селфи-фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7, заедно со освојувачот на златен медал Јерун Кампшур (Jeroen Kampschreur) од тимот на Холандија и освојувачот на сребрен медал Јеспер Педерсен (Jesper Pedersen) од тимот на Норвешка, за време на церемонијата на доделување медали за категоријата: Пара-алпско Супер-Г скијање седејќи за мажи на третиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Алпскиот скијачки центар Тофане на 9 март 2026 година во Кортина д'Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).
Скопје, 13 март 2026 година – „Победничката селфи – фотографија“ (Victory Selfie) го трансформираше искуството на церемониите за доделувањето на медали преку фотографиите што самите спортисти ги доловуваат и ги споделуваат низ целиот свет, брзо станувајќи култен културен момент на Олимписките и Параолимписките Игри. Сега, овој тренд достигна ново ниво со неговото враќање на Параолимписките Зимски Игри.
За првпат на Параолимписките Игри, „Победничката селфи – фотографија “ се прошири од индивидуалните и натпреварите во парови на сите настани, вклучувајќи ги и тимските натпреварувања. „Победничката селфи – фотографија“ беше вклучена во официјалните церемонии за доделување медали кај сите дисциплини и на Олимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026. Секој спортист кој освои медал имаше можност да го сподели својот индивидуален или тимски триумф од сопствена перспектива. Сите фотографии дел од „Победничката селфи – фотографија“ беа направени со олимпиското издание на Galaxy Z Flip7.
„Победничката селфи – фотографија“ претставува доказ за тоа како Параолимписките Игри продолжуваат да еволуираат, почитувајќи ја традицијата, додека истовремено прифаќаат нови начини за подобрување на искуствата на спортистите и навивачите за време на Игрите.
Ставајќи го телефонот во рацете на спортистите, Самсунг (Samsung) го зајакнува едноставното верување: спортистите треба да можат самите да ги раскажуваат своите приказни.
КОРТИНА Д’АМПЕЦО, ИТАЛИЈА – 09 МАРТ: Освојувачот на бронзен медал Ендрју Курка (Andrew Kurka) од тимот на САД држи телефон додека се подготвува да направи победничкa селфи-фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7, заедно со освојувачот на златен медал Јерун Кампшур (Jeroen Kampschreur) од тимот на Холандија и освојувачот на сребрен медал Јеспер Педерсен (Jesper Pedersen) од тимот на Норвешка, за време на церемонијата на доделување медали за категоријата: Пара-алпско Супер-Г скијање седејќи за мажи на третиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Алпскиот скијачки центар Тофане на 9 март 2026 година во Кортина д’Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).КОРТИНА Д’АМПЕЦО, ИТАЛИЈА – 08 МАРТ: Освојувачот на златен медал Емануел Ператонер (Emanuel Perathoner) од тимот на Италија, освојувачот на сребрен медал Бен Тадхоуп (Ben Tudhope) од тимот на Австралија и освојувачот на бронзен медал Џехјук Ли (Jehyuk Lee) од тимот на Република Кореја слават правејќи победничка селфи-фотографија со олипмиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7, за време на церемонијата на доделување медали за машкиот Пара-сноуборд крос СБ-ЛЛ2 на вториот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Пара-сноуборд паркот во Кортина на 8 март 2026 година во Кортина д’Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).ВАЛ ДИ ФИЕМЕ, ИТАЛИЈА – 07 МАРТ: Освојувачката на златен медал Олександра Кононова (Oleksandra Kononova) од тимот на Украина, освојувачката на сребрен медал Натали Вилки (Natalie Wilkie) од тимот на Канада и освојувачката на бронзен медал Људмила Љашенко (Liudmyla Liashenko) од тимот на Украина слават правејќи победничка селфи – фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7 на подиумот за време на церемонијата на доделување медали за женскиот Пара-биатлон спринт во стоечка категорија на првиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 на Стадионот за крос-кантри скијање Тезеро на 7 март 2026 година во Вал ди Фиеме, Италија. (Фотографија на Лук Хејлс (Luke Hales)/Getty Images).КОРТИНА Д’АМПЕЦО, ИТАЛИЈА – 09 МАРТ: Освојувачот на златен медал Јоханес Ајгнер (Johannes Aigner) од тимот на Австрија и неговиот водич Нико Хаберл (Nico Haberl), освојувачот на сребрен медал Џакомо Бертањоли (Giacomo Bertagnolli) од тимот на Италија и неговиот водич Андреа Равели (Andrea Ravelli) и освојувачот на бронзен медал Кале Ериксон (Kalle Ericsson) од тимот на Канада и неговиот водич Сиера Смит (Sierra Smith) позираат за победничка селфи – фотографија со олимпиското издание на Samsung Galaxy Z Flip7 за време на церемонијата на доделување медали за машкиот Пара-алпски скијачки Супер-Г за лица со оштетен вид на третиот ден од Зимските Параолимписки Игри Милано Кортина 2026 во Алпскиот скијачки центар Тофане на 9 март 2026 година во Кортина Д’Ампецо, Италија. (Фотографија на Линеа Реборг (Linnea Rheborg)/Getty Images).
На 1 април оваа година, Apple ќе одбележи точно 50 години од своето основање. Според најновото соопштение од компанијата, овој јубилеј ќе биде одбележан...