„Победничка Селфи – фотографија“: Култниот момент на подиумот и во културата влегува во своето следно поглавје на Милано Кортина 2026
Покрај своето деби на Зимските Олимписки Игри, „Победничката Селфи – фотографија” исто така ќе се прошири и надвор од моментите на подиумот и ќе ја „улови“ заедничката победа, овозможувајќи им на тимовите да слават рамо до рамо, токму онака како што тренирале, се натпреварувале и заедно ги заслужиле освоените медали
Фото: МИЛАНО, ИТАЛИЈА - 8 ФЕВРУАРИ: Освојувачите на златни медали од репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, освојувачите на сребрени медали од репрезентацијата на Јапонија и освојувачите на бронзени медали од репрезентацијата на Италија на победничкиот подиум прават „Победничка Селфи-фотографија“ со Олимпиското издание на уредот Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) за време на церемонијата на доделување медали во екипниот натпревар на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на лизгалиштето во Милано, на 8 февруари 2026 година во Милано, Италија.
(Фотографија: Андреас Ренц (Andreas Rentz)/Getty Images)
Скопје, 10 февруари 2026 година – Во спортот и во животот, некои моменти се премногу важни за да ги доживуваме сами. Тие се интуитивно споделени, не заради зачувување на совршенството, туку за спомени, поврзувања и самоизразување.
На Олимпискиот подиум, овој инстинкт доаѓа до израз. По години подготовка и натпреварување, спортистите стојат рамо до рамо во најемотивниот, најискрениот и најчовечкиот момент, оној кој сакаат да го запаметат и да го споделат со оние кои ги поддржуваат за време на целиот процес.
Токму ова го поттикна Samsung да ја воведе „Победничката Селфи – фотографија“ („Victory Selfie”) како дел од официјалната програма на церемониите за доделување медали, пренесувајќи го на подиумот најприродниот и најавтентичниот начин на кој спортистите ги доловуваат своите животи. Обликувано од самите спортисти, ова стана култен дел од искуството на освојување медал.
Сега, на Милано Кортина 2026, Победничката Селфи – фотографија го отвора следното поглавје овозможено од Олимпиското издание на Galaxy Z Flip7 (Galaxy Z Flip7 Olympic Edition).
Покрај своето деби на Зимските Олимписки Игри, „Победничката Селфи – фотографија” исто така ќе се прошири и надвор од моментите на подиумот и ќе ја „улови“ заедничката победа, овозможувајќи им на тимовите да слават рамо до рамо, токму онака како што тренирале, се натпреварувале и заедно ги заслужиле освоените медали.
За прв пат воведена во Париз 2024, „Победничката Селфи – фотографија” помага Олимписките мигови кои се случуваат еднаш во животот да бидат доживеани како поблиски и полични. Речиси 300 „Победнички Селфи – фотографии” беа креирани во Париз со Олимпиското издание на Galaxy Z Flip6, доловувајќи ги енергичните и разновидни карактери на спортистите на подиумот.
Од гледачите кои го следат тој момент во живо, па сè до спортистите кои ја споделуваат својата „Победничка Селфи – фотографија“ со семејството, навивачите и следбениците ширум светот, Samsung помага во претворање на подиумот во една културна сцена – место каде што спортот, искреноста и заедничката победа се спојуваат во едно, и каде што еден култен момент продолжува да расте и по завршувањето на Зимските олимписки игри.
Фото: МИЛАНО, ИТАЛИЈА – 8 ФЕВРУАРИ: Освојувачите на златни медали од репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, освојувачите на сребрени медали од репрезентацијата на Јапонија и освојувачите на бронзени медали од репрезентацијата на Италија на победничкиот подиум прават „Победничка Селфи-фотографија“ со Олимпиското издание на уредот Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) за време на церемонијата на доделување медали во екипниот натпревар на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на лизгалиштето во Милано, на 8 февруари 2026 година во Милано, Италија. (Фотографија: Андреас Ренц (Andreas Rentz)/Getty Images)Фото: МИЛАНО, ИТАЛИЈА – 8 ФЕВРУАРИ: Освојувачот на златен медал Сандер Еитрем (Sander Eitrem) од Норвешка, освојувачот на сребрен медал Методеј Јилек (Metodej Jilek) од Чешка и освојувачот на бронзен медал Рикардо Лорело (Riccardo Lorello) од Италија прават „Победничка Селфи-фотографија“ по доделувањето на медалите по трката во брзо лизгање на 5000 метри за мажи на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на стадионот за брзо лизгање во Милано, на 8 февруари 2026 година во Милано, Италија. (Фотографија: Сара Стир (Sarah Stier)/Getty Images)Фото: АНТХОЛЦ-АНТЕРСЕЛВА, ИТАЛИЈА – 8 ФЕВРУАРИ: Освојувачите на златни медали Ерик Перо (Eric Perrot), Квентин Фијон Маје (Quentin Fillon Maillet), Лу Жанмоно (Lou Jeanmonnot) и Жулија Симон (Julia Simon) од француската репрезентација, освојувачите на сребрени медали Томазо Џакомел (Tommaso Giacomel), Лукас Хофер (Lukas Hofer), Доротеа Вирер (Dorothea Wierer) и Лиза Витоци (Lisa Vittozzi) од италијанската репрезентација, како и освојувачите на бронзени медали Јустус Штрелов (Justus Strelow), Филип Наврат (Philipp Nawrath), Ванеса Фојгт (Vanessa Voigt) и Франциска Пројс (Franziska Preuss) од германската репрезентација позираат за „Победничка Селфи-фотографија“ на победничкиот подиум за време на доделувањето на медалите во мешана штафета 4 x 6 км (Мажи + Жени) на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 во Биатлон арената Антерселва, на 8 февруари 2026 година во Антхолц-Антерселва, Италија. (Фотографија: Мајкл Стил (Michael Steele)/Getty Images)Фото: ЛИВИЊО, ИТАЛИЈА – 8 ФЕВРУАРИ: Освојувачката на златен медал Зузана Мадерова (Zuzana Maderova) од Чешка, освојувачката на сребрен медал Сабине Пајер (Sabine Payer) од Австрија и освојувачката на бронзен медал Лучија Далмасо (Lucia Dalmasso) од Италија позираат за „Победничка Селфи-фотографија“ за време на доделувањето на медалите во паралелен велеслалом за жени на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 во Сноу-паркот Ливињо, на 8 февруари 2026 година во Ливињо, Италија. (Фотографија: Давид Рамос (David Ramos)/Getty Images)
DuckDuckGo објави нова функција за својата платформа Duck.ai која овозможува гласовен разговор со вештачката интелигенција. Функцијата е достапна бесплатно со дневни лимити за обични...