Остануваат уште два дена за номинирање на е-трговците кои ќе се натпреваруваат на петтото јубилејно издание на E-commerce Awards – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија за 2025 година, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Изборот „E-commerce Awards” од 2020 година претставува релевантен показател за квалитет, доверба и развој на македонската е-трговија, препознавајќи ги најдобрите практики, иновации и постигнувања во индустријата. Целта на изборот е поттикнување на натпреварувачки дух и континуирано унапредување на секторот, преку транспарентна методологија што комбинира јавно гласање и оценување од стручна жири-комисија.

Во изданието за 2025 година ќе се избираат најдобрите е-трговци во 18 категории.

Номинирањето на е-трговците е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница, најдоцна до 15 јануари 2026 година, до крајот на денот, на следниот линк: https://ecommerceawards.mk/formular-za-prijava/.  

Номинациите носат зголемена видливост, промоција пред широка публика и дополнително зајакнување на довербата кај онлајн купувачите.

На 22 јануари 2026 година ќе биде објавена листата на прифатени номинирани учесници во изборот, по што следува фазата на гласање од целата јавност кое ќе трае до 10 февруари 2026 година. Најдобро рангираните номинации во секоја категорија од јавното гласање продолжуваат во финалниот круг, каде што ќе се оценуваат од стручната жири-комисија. Потоа ќе следува финалната обработка на резултатите, при што гласовите од јавноста учествуваат со 60%, а оценките од жирито со 40% во конечниот резултат. Победниците ќе бидат прогласени на свечена гала манифестација во март 2026 година.

Изборот на најдобрите е-трговци во Македонија за 2025 година “E-commerce Awards” претставува повеќе од признание, тоа е можност е-трговците да ја истакнат својата приказна, посветеност и вредноста што секојдневно им ја нудат на онлајн купувачите. Со само уште два дена до затворањето на номинациите, ова е моментот нивната работа да биде препознаена и да станат дел од заедницата на најдобрите во македонската е-трговија.

Сите детали за правилата на изборот на E-commerce Awards 2025 се достапни во официјалниот правилник достапен на официјалната веб-страница или преку овој линк.