Скопје, 9 март 2026 година – „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) објави дека е рангирана како број 1 светски бренд за телевизори, 20 години по ред, означувајќи две децениско глобално лидерство во телевизиската индустрија.
„Samsung” својата водечката позиција на глобалниот пазар на телевизори ја одржува уште од 2006 година, а според фирмата за истражување на пазарот „Omdia”, компанијата забележала удел од 29,1% на глобалниот пазар на телевизори во 2025 година. Ова достигнување го зајакнува лидерството на “Samsung” во технологии за премиум, ултра-големи и за дисплеи од следната генерација.
„Samsung” го предводеше премиум сегментот со цени над 2.500 долари со пазарен удел од 54,3%, поттикнат од Neo QLED, OLED и „lifestyle“ телевизорите. Исто така, компанијата го задржа водството и во сегментот над 1.500 долари, каде што држи 52,2% од пазарниот удел.
„Кога потрошувачите избираат телевизор, тие избираат бренд на кој можат да му веруваат во годините кои следат“, изјави СВ Јонг (SW Yong), Претседател и Раководител на бизнисот со визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во „Samsung”. „Нашето 20 годишно лидерство на глобалниот пазар на телевизори ја одразува довербата која е изградена врз децениска инженерска извонредност и премиум иновации“.
20 години иновации кои ја дефинираат индустријата
Откако за првпат ја достигна позицијата бр. 1 во 2006 година со својот Bordeaux ТВ уред, предводен од неговиот дизајн, „Samsung” постојано носи иновации со цел да ја преобликува телевизиската индустрија:
- 2009: Компанијата ја забрза глобалната транзиција кон LED телевизори, поставувајќи нови стандарди за потенки, енергетски поефикасни екрани.
- 2011: Воведувањето на паметните телевизори дополнително ги трансформираше ТВ уредите во поврзани платформи за забава, проширувајќи ја нивната улога надвор од традиционалното гледање.
- 2015: Телевизорот The Serif го реобликуваше начинот на кој ТВ уредите се интегрираат во просторот за живеење, со воведување на телевизор фокусиран на дизајнот кој го позиционираше екранот како впечатлив елемент во домот.
- 2017: Компанијата го лансираше The Frame, пионерот во категоријата уметнички ТВ уреди, односно Art TV, преку трансформирање на телевизорот во приспособливо дигитално уметничко платно.
- 2017: Во однос на премиум квалитетот на сликата, „Samsung” продолжи да воспоставува стандарди во индустријата со воведувањето на QLED телевизорите со технологија на квантни точки.
- 2018: 8K телевизорите испорачаа над 33 милиони пиксели, односно четири пати поголема резолуција од 4K.
- 2020: „Samsung” ја воведе MICRO LED технологијата, унапредувајќи ја иновацијата на само-емитувачки дисплеи и поставувајќи нови стандарди за осветленост, контраст и точност на боите кај ултра големите екрани.
Преку континуиран напредок во квалитетот на сликата, функционалноста и иновациите кај дисплеите, „Samsung” одигра одлучувачка улога во воспоставувањето на денешните премиум ТВ стандарди.
Зајакнување на лидерството кај премиум телевизорите и телевизорите од следната генерација
Надградувајќи го своето наследство од иновации, „Samsung” продолжува да го развива своето премиум портфолио на телевизори со проширени Micro RGB модели, унапредувајќи ги своите технологии за дисплеи од следната генерација и зајакнувајќи го лидерството кај екраните со високи перформанси. Компанијата исто така продолжува да ги унапредува своите OLED и Neo QLED линии, нудејќи премиум квалитет на сликата, опции за ултра големи екрани и диференцирани перформанси на дисплејот.
„Samsung” ја проширува и својата понуда на Mini LED телевизори, носејќи подобрена осветленост, контраст и прецизна контрола кај поширок опсег на големини на екрани и ценовни класи, со цел да ги прошири напредните перформанси на дисплејот низ својата гама. Истовремено, континуираното инвестирање во телевизори поддржани со вештачка интелигенција (AI) интегрира напредни процесори и интелигентни карактеристики кои ги оптимизираат сликата, звукот и персонализацијата во реално време.
Со две децении докажано глобално лидерство, „Samsung” останува еден од најконзистентно признатите брендови за телевизори со најголема доверба во светот, нудејќи водечка технологија во индустријата низ повеќе ценовни класи, големини на екрани и иновации кај дисплеите.









































