Скопје, 29 јули 2024 г. – Кој рече дека церемонијата на отворање на Олимписките игри мора да се случи на стадион? Првата вечер, Олимписките игри во Париз 2024 официјално започнаа со историска церемонија на реката Сена, а Samsung Electronics, светскиот олимписки и параолимписки партнер, обезбеди револуционерна иновација што го направи отворањето навистина посебно.

За да ги приближи фановите до акцијата повеќе од кога било досега, Samsung инсталираше повеќе од 200 паметни телефони Galaxy S24 Ultra на 85 чамци кои учествуваа во церемонијата на отворање. Настанот беше пренесуван во живо преку приватна 5G мрежа, напојувана од Orange, официјален мрежен провајдер на Олимписките игри во Париз 2024, Франција. 

Спортист од тимот на Кенија споделува селфи со фановите со новиот Samsung Galaxy Z Flip6 Olympic Edition. Фотографијата е на Getty / Samsung

Фановите кои се вклучија во преносот добија поблизок поглед на она што веќе беше уникатна прослава на олимпискиот дух во градот домаќин Париз. Оние кои ја гледаа церемонијата, можеа да го доживеат настанот низ очите на спортистите, бидејќи спортистите тие сцени од оваа незаборавна церемонија со нивното олимписко издание на паметниот телефон Galaxy Z Flip6 (Galaxy Z Flip6 Olympic Edition). 

Спортист од тимот на Австралија споделува селфи со фановите со новиот Samsung Galaxy Z Flip6 Olympic Edition.Фотографијата е на Getty / Samsung

Samsung соработуваше со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Олимпискиот сервис за радиодифузија (OBS) за да создаде значајна ноќ и за спортистите и за фановите, а тоа бара опширно планирање со различни олимписки партнери за преноси на снимки во реално време, беспрекорна 5G конекција и друга технолошка поддршка.

Свеченото отворање во живо е само еден од неколкуте начини на кои Samsung ја споделува возбудата од Олимписките игри во Париз 2024 со светот. Натпреварот во едрење во Марсеј и победничките селфи ќе ги доближат и фановите до Олимписките игри. За сосема нов поглед на натпреварот во едрење во Марсеј, Samsung инсталираше паметни телефони Galaxy S24 Ultra на чамците и на рамениците на спортистите. Исто така, освојувачите на медали ќе можат да ги доловат своите емоции со победнички селфи со помош на олимпиското издание на Galaxy Z Flip6 (Galaxy Z Flip6 Olympic Edition) обезбедено на подиумот.

Спортистите од Јужна Кореја го споделуваат своето искуство со фановите со нивното ново Samsung Galaxy Z Flip6 Olympic Edition. Фотографијата е на Getty / Samsung

Повеќе од 100 експерти, 250 телефони и над 360 дена тестирање ги овозможуваат овие моменти. Овој напор да се подобри искуството на гледање за фановите ширум светот беше дел од визијата „Широко отворени игри“ на Олимписките игри во Париз 2024. Преку своите мобилни иновации, Samsung ќе ги инспирира спортистите и фановите да останат отворени бидејќи „Отвореноста секогаш победува“.

Samsung x Paris 2024: Games shared #withGalaxy (youtube.com)

Претходна статијаЈУ „Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2024
Следна статијаApple Intelligence им стана достапна на програмерите за тестирање