Скопје, 23 јануари 2026 година – Со почетокот на Зимските олимписки и параолимписки игри Милано Кортина 2026, компанијата Samsung ја претставува новата глобална кампања „Победата е тимски спорт“ (Victory is a team sport). Кампањата одново го дефинира поимот на победата, во центар ставајќи го заедничко, човечко искуство.

Кампањата се надоврзува на концептот „Победничка Селфи-фотографија“, односно „Victory Selfie“, кој за прв пат беше претставен на Олимписките Игри во Париз 2024, и која за прв пат го носи овој концепт на Зимските игри. Истовремено, „Victory Selfie“ за прв пат во историјата ги опфаќа и тимските спортови и спортовите во двојки, овозможувајќи им на спортистите самите да ги овековечат моментите на триумф на победничкиот подиум, од сопствена перспектива.

Во фокусот е ставена функцијата „Galaxy Dual Recording“, која овозможува истовремено снимање од два агли. На овој начин, во истиот кадар се опфатени спортистите и луѓето кои стојат зад нивниот успех – родителите, тренерите, семејството и целата поддршка од околината.

Централното видео на кампањата е именувано „Победата е тимски спорт“ (орг. „Victory Is a Team Sport“). Преку испреплетување на погледот на спортистот и емотивната перспектива на родителот, со помош на функцијата „Dual Recording“, видеото го открива целиот пат до победата, од падовите до врвот на победничкиот подиум, како една заедничка приказна.

Кампањата е дел од светската платформа „Отвореноста секогаш победува“ (орг. „Open Always Wins“), со која Samsung нагласува дека отвореноста кон различните перспективи создава нови начини на доживување на олимписките и параолимписките моменти.