Скопје, 10 март 2026 година – Веќе дваесет години, телевизорите на „Самсунг“ (Samsung) живеат тивко во центарот на домовите на луѓето, присутни не само за забава, туку и за моментите што нè поврзуваат, нè трогнуваат и остануваат со нас долго откако екранот ќе се затемни.
Оваа година во „Samsung“ се одбележуваат два извонредни јубилеи. „Samsung” одбележува 20 години како светски бренд број 1 за телевизори, додека нивниот Раководител на „PQ Labs“, Шину Чои (Shinwoo Choi), се осврнува на сопственото 20-годишно патување во „Samsung”, кариера која растела заедно со еволуцијата на самиот телевизор.
Кога за првпат му се придружил на „Samsung” како млад инженер, иновациите кај телевизорите сè уште во голема мера биле дефинирани од хардверот. Она што го привлекло во компанијата било неговото верување дека технологијата треба да го обликува секојдневниот живот, а не само да се натпреварува со спецификации.
„’Samsung’ секогаш нè предизвикуваше да размислуваме надвор од она што беше возможно денес, таа култура ме поттикна да растам заедно со технологијата. Кога луѓето ме прашуваат за иновациите, тие често очекуваат да посочам некое специфично откритие, но моментите на кои најмногу се сеќавам не се лансирањата на производи. Тоа сe моментите со луѓето.“
Еден таков момент се случи во 2010 година, за време на Зимските Олимписки Игри во Ванкувер. Милиони луѓе се собраа околу своите телевизори кога Ким Јуна (Kim Yuna) застана на мразот. Семејства, соседи, па дури и непознати луѓе заедно замолкнаа. Кога таа освои злато, тоа не беше само спортски триумф, тоа стана заедничко емотивно сеќавање кое ги исполни дневните соби низ Кореја и целиот свет.
„Тогаш навистина сфатив дека телевизорите можат да бидат повеќе од екрани, тие можат да станат центар на колективната меморија.“
Во текот на изминатите две децении, „Samsung” помогна да се редефинира она што телевизијата може да биде, почнувајќи од раните новитети кај дисплеите и QLED иновациите, до извонредните искуства, персонализацијата поддржана од вештачка интелигенција и контролата на светлината на микро-ниво. Меѓутоа, за оние кои ја градат технологијата одвнатре, целта никогаш не се само спецификациите.
„Во минатото, иновацијата значеше да се направат нештата посветли или појасни, денес, вистинската иновација е во тоа технологијата да се направи невидлива.“
Модерните телевизори на „Samsung” автоматски се прилагодуваат на содржината, опкружувањето и навиките на гледање, дозволувајќи им на луѓето целосно да се нурнат во искуството без да ја забележат технологијата која работи зад сцената. Вештачката интелигенција тивко го подобрува квалитетот на сликата, ги оживува старите домашни видеа и ги оптимизира сцените во реално време. „Ако не ја забележувате технологијата, тогаш добро сме си ја завршиле работата.“
Достигнувањето на „Samsung” од 20 години по ред како светски бренд бр. 1 за телевизори е јубилеј за кој тој зборува со понизност, а не со триумфалност.
„Оваа титула им припаѓа на инженерите, дизајнерите и тимовите кои беа пред нас. Многумина од нив го обликуваа начинот на кој размислувам за лидерството денес. Тоа што сме бр. 1 не е крајна точка, тоа е одговорност.“
Довербата е важна бидејќи телевизорите остануваат со семејствата со години, честопати подолго од кој било друг екран во домот. Таа долговечност бара доверливост, издржливост и континуирана грижа долго по купувањето. Пристапот на „Samsung” го одразува ова преку ригорозни тестирања, долгорочна софтверска поддршка и иновации дизајнирани да им служат на реалните човечки потреби.
Јасен пример е AI скалирањето. Како што објаснува Шину: „ова не е ’бркање’ на резолуција, туку обновување на драги спомени, семејни видеа, стари филмови и им овозможува на луѓето да ги искусат со нова јасност.“
Низ генерациите, сцените се повторуваат: семејства кои навиваат за време на големи спортски настани, пријатели кои се собираат за филмски вечери, гејмери кои се внесуваат во играта во тишина. Во свет кој сè повеќе е дефиниран од личните екрани, телевизорот останува еден од ретките уреди што сè уште ги зближува луѓето.
Тој ги опишува телевизорите на „Samsung” како „дигитален логорски оган“, модерна точка на собирање која ги враќа луѓето во заедничките простори и заедничките моменти.
Додека „Samsung” се осврнува на две децении на врвот на глобалната ТВ индустрија, неговиот фокус останува цврсто насочен кон иднината. По 20 години, неговата љубопитност не бледее, таа се изострува.
„Следното поглавје е наменето за тоа како технологијата да се направи уште поинтуитивна, поприсутна и похумана“, вели тој.
Телевизијата започна како „Tele“ и „Vision“ што значи гледање од далеку. Неговата надеж е дека телевизорите на „Samsung”ќе останат запаметени по нешто повеќе.
Теле. Визија. Насекаде.
Секогаш тука. Секогаш напредуваат. И секогаш дел од моментите што се важни.











































