Фото: Wikipedia
Фото: Wikipedia

Американскиот Сенат објави дека е постигнат интерен договор по прашањето за возилата со автономно управување. Законската легислатива се очекува да помине гласање во Сенатот веќе на 4-ти октомври. Со ова ќе се елиминираат сите бариери и рестрикции со кои производителите до сега се соочуваа. Ваквата одредба ќе значи комплетно законско регулирање на возилата со автономно управување.

Изминатото лето слична одредба донесе и долниот, Претставнички дом на САД, па се очекува законската легислатива која ќе се најде во Сенатот во текот на наредната недела да го содржи практично истиот текст. Со неа се предвидува дозвола за иницијално производство на 25 000 единици возила од тој тип за секој од авто-производителите. Дополнително, бројката би можела да се зголеми доколку биде докажано дека возилата управувани од AI се безбедни, барем онолку колку што е безбеден традиционалниот сообраќај.

Ова ќе значи дека на улиците во САД во наредните неколку години практично ќе се најдат милиони возила со ваков вид на управување. Покрај дозволата, сепак, државата го има монополот на доделување лиценци и регистрација на истите. Ова е одличен пример за тоа како државниот апарат може да застане зад авто-производителите со цел комплетната индустрија да оствари поголем прогрес.

Извори: The Next Web, Engadget

Претходна статијаHMD Global лансира подобрен Nokia 3310 со 3G поврзување
Следна статијаCommodore 64 добива мини верзија на која ќе може да се играат сите ретро игри