Како професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Трајковиќ веќе години наназад го води предметот Претприемништво – предмет што инспирирал бројни млади луѓе да го направат првиот чекор кон создавање на свој сопствен бизнис.

Во епизодата се отвораат теми како:

  • како академијата може да биде поттикнувач на иновација,
  • процесот на основање на ФИНКИ,
  • изградбата на претприемачка култура во Македонија,
  • што значи вистинска иновација и како стартапите можат побрзо да ја валидираат својата идеја,
  • перспективата за иднината на ИТ индустријата и стартап екосистемот кај нас.

Зошто да ја гледате епизодата?

Ова епизода е инспиративна лекција за сите кои сакаат да разберат како знаењето, визијата и образованието можат да станат двигатели на иновација и претприемништво. Проф. д-р Трајковиќ низ својот личен пример и работа покажува како академските институции можат да ја поттикнат претприемачката енергија кај младите. Ако сте дел од стартап заедницата, студент или идeн претприемач, оваа епизода е за вас.

Стартап Револуција е подкаст создаден и реализиран од Стартап Клуб Скопје – првиот централен претприемачки хаб во Македонија, кој има за цел да го зајакне македонскиот стартап екосистем преку инспирација, практично знаење и споделување искуства од релевантни претприемачи, инвеститори и експерти.

Стартап Клуб Скопје со своите активности продолжува да биде столб на стартап заедницата во Македонија. Поткастот Стартап Револуција е само еден од многуте начини на кои клубот го поддржува претприемачкиот дух.

За повеќе информации и за да ја гледате најновата епизода, посетете го официјалниот канал на Стартап Клуб Скопје на YouTube или гледајте ја во продолжение: