Фото: Македонски Телеком

Почетокот на новиот месец носи и големи изненадувања! Во пресрет на празничниот период, припејд корисниците на Македонски Телеком можат да ја искористат единствената можност да учествуваат во големата наградна игра „Телеком наградува“ и да играат за нов iPhone 17. 

Почнувајќи од понеделник, 01.12.2025 година, корисниците на Телеком секоја недела ќе имаат можност да добијат нов iPhone 17, само преку надополнување на својата сметка со ваучер од најмалку 200 денари.

За учество во наградната игра „Телеком наградува“ потребно е припејд корисниците да се регистрираат во Telekom MK апликацијата преку Magenta Moments, а потоа и да ја надополнат својата припејд сметка со вредносен ваучер од најмалку 200 денари. Секое надополнување од 200, 250, 300, 590, 900 и/или 2.000 денари значи и нова шанса за награда. Колку повеќе надополнувања над 200 денари има корисникот, толку е поголема шансата за добивка на еден од десетте iPhone 17 секоја недела.

Наградната игра исто така важи и за сите нови или постоечки постпејд корисници коишто ќе склучат договор за лојалност на актуелните Magenta 1 или Mobile тарифни портфолија за времетраењето на наградната игра и ќе се регистрираат во Magenta Moments преку Telekom MK апликацијата.

„Телеком наградува“ ќе трае до 08.02.2026 година. Правилата за учество можете да ги прочитате на веб-страницата telekom.mk, каде што ќе бидат објавени и добитниците на наградите.