10540977_1490059594582195_1269350403_n

TODO што претставува кратенка од Talk Openly, Develop Openly, односно Зборувај отворено, развивај отворено, е нова група составена од повеќе компании која што беше претставена оваа недела. Компаниите кои што се дел од групата во својата работа користат open source решенија, нешто што е проследено со одредени предизвици. Тоа е така поради фактот што софтверските решенија со отворен код често се развивани од цела заедница на програмери, па не ретко се случува тие да бидат оставени во постара верзија поради повеќе причини како што се немање на време на сите програмери или немање на доволно финансиски средства.

Компаниите од TODO групата ја имаат создадено оваа група токму со цел да се справат со овие предизвици, да овозможат полесно развивање и користење на open source софтверот, како од нив, така и од други заинтересирани компании. Повеќе информации околу тоа како сето ова планираат да го постигнат се најавени за неделите кои што следат.

Компаниите кои што до овој момент се дел од TODO групата ги вклучува следните:

todo-members

Во светот сепак се’ уште најмасовно користени се софтверските решенија зад кои што стојат компании, а се разбира нивниот код најчесто е затворен и на неговиот развој работат само програмерите од истата компанија. Open source софтверот е познат и распространет, меѓутоа кога ќе се зема бројот на достапни решенија, не е мал бројот на тие кои што се соочуваат со проблеми, односно предизвици како што тоа го нарекуваат од TODO, во одржувањето на работата. Ваквите групи се секогаш добредојдени поради овозможувањето на развој на поголем број на софтверски решенија, а со тоа поголем избор за корисниците.

Извор: TODO, PCMag, Facebook

Претходна статијаApple ја зајакна iCloud безбедноста со дво-факторска автентикација
Следна статијаXbox One трансформиран во моќен лаптоп со помош на 3D печатач
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.