Фото: АЕТМ

Останува уште еден ден за јавно гласање во рамки на E-commerce Awards 2025 – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Граѓаните имаат можност да ги поддржат своите омилени е-продавници денес, до крајот на денот, преку официјалната веб-страница на изборот.

E-commerce Awards претставува значајна иницијатива за македонската е-трговија, бидејќи преку транспарентен и структуриран процес се истакнуваат најдобрите практики, се наградуваат квалитетот и иновациите, и се придонесува кон јакнење на довербата кај онлајн купувачите. Ваквиот тип на избори имаат важна улога во развојот на секторот, поттикнувајќи здрав натпревар и континуирано унапредување на услугите.

Овогодинашното издание бележи висок интерес од јавноста, со над 50.000 гласови дадени од повеќе од 4.500 гласачи, додека во трката за признанијата се вклучени 217 номинирани е-трговци, кои се натпреваруваат во 18 категории.

Јавното гласање претставува клучен сегмент од изборниот процес и учествува со 60% во конечниот резултат, додека преостанатите 40% ќе бидат утврдени од страна на стручната жири-комисија во финалната фаза. По затворањето на гласањето, најдобро рангираните номинации во секоја категорија ќе продолжат во финалниот круг на оценување, а победниците на E-commerce Awards 2025 ќе бидат прогласени на свечена гала манифестација која традиционално ќе се одржи во март 2026 година.

Ова е последна можност јавноста директно да влијае врз изборот на најдобрите е-трговци и да даде поддршка на компаниите кои со својата работа придонесуваат кон квалитетна, сигурна и професионална онлајн трговија.

Гласањето е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница на изборот: https://ecommerceawards.mk/.

Ова издание на E-commerce Awards 2025 се реализира со поддршка на HalkbankDiners Club, Eurolink и Halk Insurance.

Сите детали за правилата и процесот на изборот се достапни во официјалниот правилник на веб-страницата на E-commerce Awards или преку овој линк.